Во изминатото деноноќие произведени се 12.590 MWh електрична енергија

АД ЕСМ на 25.03.2023 година произведe 12.590 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. 

Во Термоелектраните произведени се 7.509 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.081 MWh.