Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 8ми април Меѓународниот ден на Ромите, денеска во Владата се обрати на настан на тема: „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“.
Обраќањето на премиерот Ковачевски ви го пренесуваме интегрално:
„Почитувани гости,
Почитувани амбасадори,
Почитувани колеги министри во Владата, пратеници,
Драго ми е што денеска на оваа свеченост по повод Меѓународниот ден на Ромите сме собрани различни чинители од нашето општетсво, но сите споделуваме исти вредности како што се вредностите на еднаквост, почитувањето на националните малцинства и вложувањето заеднички напори во оставрување на правата, кои се многу важни не само за Ромите, туку за сите национални малцинства во Северна Македонија.
Убаво е да се потсетиме на годишнината од Првиот светски ромски конгрес во Лондон, од 1971 година. Тогаш беа донесени важни одлуки за положбата на ромското национално малцинство низ Европа, значајни одлуки за неговиот идентитет и самосвест, за јазикот и културата на Ромите. Унапредувањето на позицијата на ромската заедница во нашата држава е во фокусот на оваа Влада.
Мојата лична заложба како човек пред се, и како премиер е да изградиме општество еднакво и кохезивно во чии темели се довербата и меѓусебната соработка. Општество во кое граѓаните и заедниците се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен и професионален развој. Затоа се залагам во партенерска и искрена соработка со сите општетствени чинители, државни, невладини, граѓански организации, здруженија да ја унапредуваме положбата на ромската заедница во нашата држава.
Како резултат на Берлинскиот процес, во јули 2019 година, на Самитот во Познан, нашата држава заедно со земјите од регионот се обврзаа да ја подобрат состојбата на Ромите и да постигнат конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето, граѓанската документација и борбата против дискриминацијата низ патот за пристапување во Европската унија.
Република Северна Македонија ја усвои Националната Стратегија за Роми 2022–2030 во согласност со Европската Стратешка Рамка, и истата е дел од јавните политики на државата и основа за превземање на конкретни акции во сите наведени области.
Европската комисија во однос на Стратегијата за инклузија на Ромите, ја предочи силната посветеност на нашата земја како и на земјите од Западен Балкан во однос на вклучувањето на Ромите и важноста од спроведување на обврските од Познан.
Посебно ми е драго што нашите сограѓани Роми имаат потенцијал да го предводат прашањето на сопствената интеграција и да бидат пример за останатите во регионот. Владата на Република Северна Македонија за Поддршка на имплементацијата на Стратегијата за Роми за 2023 година издвои средства за конкретни проекти.
Заложбата на Владата која ја предводам е да го унапредиме овој тренд, создавајќи можности за доследно спроведување на Стратегијата за инклузија на Ромите и Националните акциски планови.
За подобра интеграција на Ромите во нашата земја, како клучно ќе го издвојам задржувањето на најмладите во образовниот систем, за што лично ќе се залагам.
Ако успееме во тоа, тогаш ќе решиме многубројни проблеми со кои се соочува ромската заедница. Мораме да ја задржиме позицијата во регионот, каде се издвојуваме како земја позитивен пример по бројот на студенти Роми кои што се активни во државата и во светот.
Република Северна Македонија како идна членка на ЕУ, има обврска да подготува законски решенија по стандарди на Европската Унија и нивно хармонизирање со меѓународни норми и стандарди.
Затоа како Влада се злагаме и за зголемување на бројот на Роми кои се вклучуваат на пазарот на труд. Тоа и го постиганвме преку Оперативната програма за активни мерки од Министерството за труд и социјална политика, во потикнување на претпримништвото кај ромската заедница.
Голем ефект дадоа и мерките на Владата за подршка на претпримачите, со што овозможивме субјектите раководени од Роми да може да ги користат овие мерки за формализација или унапредување на бизнисот. Оваа година почна да функционира и инвестицискиот фонд РЕДИ, за кој што Владата потпиша посебен меморандум за мечирање и синергија на активностите со граѓанскиот сектор, во однос на развојот на претприемништвото кај ромската заедница.
Во оваа насока е и нашата отвореност и соработка со програмата на Ромактед од Советот на Европа, која што овозможува имплементација на Стратегијата на Ромите на локално ниво во 15 општини. Преку ИПА проекти, соработка со УСАИД, владата на САД, локалните заедници и ромскиот граѓански сектор преку соработката со ЕУ спроведуваме бројни проекти.
Во оваа прилика ќе го издвојам домувањето каде што посебна таргет група е ромската заедница. Проектите во доменот на домувањето, легализацијата, социјалното домување, инвестициите во комуналната инфраструктура се поголеми инвестициии на подолгорочен план, но тоа не значи дека нема да се реалзиираат.
Имаме уште многу работа, но растот и развојот на секое општество, инклузијата, почитувањата на еднаквоста немаат граница и секогаш треба да се стремиме уште повеќе да се вложуваме за да бидеме подобри.
Почитувани наши сограѓани Роми бидете горди на потенцијалите што ги имате. Јас како премиер и Владата ќе продолжиме со позитивните практики како би ги зголемиле инвестиците во обаразованието, вработувањето, домувањето. Ќе се залагаме за квалитетен процес и развој на ромската заедница и целото општество.
Јас во изминатиот период лично докажав дека секогаш ја ценам професионалноста. Ние имаме Роми кои извршуваат значајни функции, на позиции државен секретар, советници во мојот Кабинет.
Еден од нашите најдобри и најперспективни дипломати кои ги имаме во Брисел е токму една исклучително квалитетна вработена во МНР а која што е Ромка по својата националност. Пратеничката Љатифе Шикоска, нејзините колеги навистина секој ден заедно со мене правиме се што е во наша моќ да унапредиме било кој сегмент во живеењето на ромската заедница.
Така, минатата недела нешто што не било направено 13 години ако добро ги видов датумите, во едно населено место во Скопје каде што немало електрична енергија – од овој понеделник има приклучено електрична енергија што е елементарна работа кое што секое семејство треба да ја има и за тоа благодарност и до пратеничката и до дистрибутивната компанија за електрична енергија и до МТСП и до МЕ.
На тој начин покажуваме дека сите заедно можеме да одиме напред, бидејќи знаете како, сам човек може да стигне некаде брзо, меѓутоа заедно само со пријатели, само заедно со оние со кои дели исти вредности може да стигне далеку.
Ви го честитам 8 април Меѓународниот ден на Ромите, да сте живи и здрави!“