Османи - Гервала-Шварц: Дијалогот предводен од ЕУ придонесува за регионалната стабилност

Билатералните перспективи, улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово и дијалогот предводен од ЕУ беа централните теми на кои разговараа Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни  Бујар Османи и министерката за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц за време на нивната денешна средба во Приштина.

Османи истакна дека Северна Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи, чиј континуитет треба да се надгради, потенцирајќи дека инвестицијата во добрососедство, особено во нашиот регион, е влог во иднината.

„Ја искористивме оваа можност дополнително да ги разгледаме нашите билатерални перспективи и да разговараме за улогата на Мисијата на ОБСЕ во Косово. Ќе продолжиме да го поттикнуваме позитивниот политички дијалог и позитивната клима“, рече Османи.

За време на средбата, Османи и Гервала-Шварц се осврнаа и на надворешно-политичките приоритети и се согласија дека побрзата интеграција во ЕУ значи и подобар изглед за регионалната стабилност и просперитет.

Во фокусот на разговорите беше и дијалогот посредуван од ЕУ, кој ОБСЕ силно го поддржува

„Драго ни е што бевме домаќин на важната средба во Охрид што дополнително го отвори патот за нормализирање на односите. Силно го поддржуваме овој процес, кој не само што ги штити интересите на сите заедници, туку и придонесува за севкупна регионална стабилност“, истакна Османи.

Во текот на средбата Претседавачот со ОБСЕ Османи истакна дека заштитата и унапредувањето на правата на сите заедници се клучни за зајакнувањето на меѓуетничките односи. Тој ја искористи можноста да ги поздрави позитивните достигнувања кои Мисијата на ОБСЕ во Косово ги реализира, посебно во областа на човековите права, демократизацијата и јавната безбедност.