Груби оствари средба со францускиот амбасадор, Бомгартнер

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер.

Тема на разговор беа борбата против корупцијата и организираниот криминал, процесот на уставни измени, скринингот, реформите што се прават за европската интеграција, како и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат приоритет на Владата и ги повикуваме сите граѓани, медиумите, граѓанското општество да се приклучат во акциите за осудување на злоупотребите, но и пропагандата и лажните вести.

Ветингот како процес на прочистување ќе придонесе за кредибилитетот на личностите во судството и политиката.

Груби и Бомгартнер разговараа и за скрининг- процесот кој е во тек со ЕУ, како и за иницијативата за уставните измени, како неопходност да се продолжи кон следниот чекор за членство во Европската Унија.

Што се однесува до евроинтеграциите, амбасадорот ја потврди поддршката на Република Франција за нашата земја, додавајќи дека преговарачката рамка се одразила и во новата методологија на ЕУ заедно и со мобилизацијата на сите домашни институционални капацитети.

Груби и амбасадорот Бомгартнер разговараа и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка, во рамките на договорот постигнат во ЕУ за двојно зголемување на процентот на извори на енергија во вкупната потрошувачка како што се ветерот и сонцето на 42,5 % до 2030 година од актуелните 22 %.