Вицепремиерката Грковска ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на 08 јуни 2023 година (четврток), со почеток во 11:00 часот,  ќе одржи средба со ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.

Целта на настанот е промоција на политиките за добро владеење поврзани со младите, кои се одвиваат под слоганот „Зависи од мене и тебе“. На средбата ќе се иницира отворена дискусија со средношколците на темите: чесност, интегритет и лична одговорност, а во насока на градење подобро општество и справување со штетните појави, како што се корупцијата и насилството.

Календар Влада: 
Четврток, Јуни 8, 2023 - 11:00 to 12:00