Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во рамки на Меѓународниот Самит „Зелена Транзиција, оствари средба со министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Кирил Ватев.
На средбата двајцата министри разговараа за зајакнување на соработката помеѓу двете држави во областа на земјоделството, а како добра основа е потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во делот на имплементацијата на инструментите за претпристапна помош од ЕУ. Потоа соработка во делот на земјоделските науки, шумарството, ловството, органското производство, полјоделството и сточарството.
Двајцата министри разговараа за оргaнизирање на заеднички бизнис земјоделски форум, заедничка соработка во делот на агродистрибутивниот центар што ќе се гради во Струмица, како и за создавање на бела книга на проекти што бизнис заедниците од двете држави имаат желба да се реализираат.
Министерот Николовски, на средбата, на својот колега министерот Ватев му посака успешна работа и соработка, честитајќи му ја новата позиција министер за земјоделство и храна.