Првиот вицепремиер Груби оствари средба со Мараш Дукај, министер за јавна администрација на Црна Гора

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, денес оствари средба со г-дин Мараш Дукај, министер за јавна администрација на Црна Гора.

Ми беше задоволство да го пречекам денес на средба во Владата на Република Северна Македонија министерот за јавна администрација на Црна Гора, г-дин Мараш Дукај.

Разговаравме за одличната билатерална соработка меѓу нашите земји и императивот за зајакнување на нашата институционална координација кон заедничкиот евроинтегративен пат.

Го информирав министерот Дукај за цврстата проевропска определба на владејачката коалиција во нашата земја и за преземањето на клучниот чекор за усвојување на уставните измени во Собранието.

Взаемната поддршка во надминувањето на предизвиците кон европскиот хоризонт и заедничкото проектирање на прогресивната иднина е единствениот клуч на успехот што го имаме во нашите раце.