Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Свечена академија по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија, во организација на Владата на Република Северна Македонија, под мотото: „Гласник на слободата“, Ве известуваме дека денеска, 07.09.2023 година (четврток) ќе се одржи Свечена академија „32 години независност“, во Филхармонија на Република Северна Македонија, со почеток во 18:30 часот.
 
На Свечената академија ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
 
Воедно, на Свечената академија, свои обраќања ќе имаат:

• Проф. д-р Александар Литовски, од Институтот за национална историја,
 
• Проф д-р Искра Пановска - Димкова, од Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, раководителка на Катедрата за македонски јазик.

Во рамки на Свечената академија, ќе има и културно уметничка програма.

На настанот не се предвидени одговори на новинарски прашања. Замолуваме медиумските екипи да пристигнат најдоцна до 18:00 часот.
 
Свечената академија ќе се пренесува во живо на Националниот јавен сервис.
 
Видео линк за пренос во живо од свечената академија