Премиерот Груевски ќе се сретне со рускиот претседател Путин

Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Руската Федерација, в четврток во Санкт Петербург ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што изјави вицепремиерот Зоран Ставрески, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Груевски посетата на премиерот Груeвски и македонската делегација на Русија е од исклучително политичко и од економско значење, оти се очекува тоа да даде нов сигнал за политичките и економските релации  меѓу двете земји.

- Во политичкиот дел би сакал да истакнам дека најзначајно е што во рамките на престижниот форум посетата на Санкт Петербург што ќе ја имаме в четврток премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин што ќе даде нов сигнал и насока за политичките односи меѓу двете земји, но и за економските односи меѓу двете земји во следните години. Тоа е уште една потврда дека Република Македонија тука е примена на највисоко ниво и дека во Русија имаме извонредно отворена врата за развој на политичките, но пред се и за економските односи за кои што ние сме посебно заинтересирани, подвлече Ставрески.

Македонската делегација посетата на Руската Федерација ја почна денеска во Москва каде можностите за инвестирање во Македонија беа презентирани пред околу стотина руски инвеститори, а се потпиша и договор за соработка меѓу Република Македонија и Московската област.  Утре делегацијата ќе птрестојува во Владимир, а потоа во Јужни Новогород, градови кои се богати со природни ресурси, но кои имаат исклучително силна инвестициска база, поради што се очекува оттаму да произлезат нови потенцијални инвестиции за Македонија.