Јавен оглас бр.20/2023 за избор на директор на Државниот испитен центар
Врз основа на член 9 од Законот за државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2008, 148/2009, 41/2014, 55/2016 и 142/2016 и 64/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.20/2023
за избор на директор на Државниот испитен центар
1. Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот за образование и наука ќе именува директор на Државниот испитен центар, за време од пет години и може повторно да биде избран.
2. За директор на Државниот испитен центар може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
4) Да има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието и
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
3. За директор на Државниот испитен центар може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство;
6) Доказ дека во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
8) Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на РСМ или во ФПИОСМ како работен стаж, дека има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието;
9) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на директор на Државниот испитен центар “.
6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
9. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.