Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата 

Почитувани,

Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено.

Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци.

Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет.

Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија.

Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме.

Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме.

Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.