Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, на кој му посака успешна дипломатска мисија.
На средбата Мисајловски упати благодарност до Кралството Шпанија, за досегашната поддршка на нашата земја во евроинтегративните процеси.
Министерот Мисајловски и шпанскиот амбасадор разговараа за билатерална одбранбена соработка, при што соговорниците се осврнаа на можностите и иницијативите за продлабочување и зајакнување на соработката меѓу двете земји.