Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Канел.
Заменик претседателот Фетаи ја истакна одличната соработка меѓу двете земји и и се заблагодари на амбасадорката за континуираната поддршка на Кралството Холандија на патот кон европската интеграција на Северна Македонија.
На средбата посебен акцент беше ставен на прашањата за доброто владеење, превенцијата и борбата против корупцијата, како и владеењето на правото, како главни приоритети на Владата.
Со амбасадорката се разговараше за политичките случувања во земјата и за деблокирање на процесот на полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.