Фетаи и Силвестри: Владините стратегии треба да се применат

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, во неговиот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Италија Н.Е. Андреа Силвестри и заменик шефот на мисијата Марио Де Роза. 

Заменик претседателот на Владата Фетаи и амбасадорот Силвестри разговараа за владините стратегии и нивната примена и тоа за Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, Стратегијата за транспаретност и Стратегија за соработка со невладиниот сектор. Фетаи и Силвестри заклучија дека спроведување на овие стратегии ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја зголемат транспаретноста на институциите и ќе донесе поголемо вклучување на граѓанскиот сектор во донесување на владините одлуки. 

Двајцата соговорници разговараа и за други актуелни политички теми како што е откочувањето на евроинтеграцијата на Северна Македонија.