Стоилковиќ: Денес го славиме денот на основањето на МРО, кога е направен првиот чекор кон создавањето на македонската држава

Денес го славиме денот на основањето на Македонската револуционерна организација, денот кој останува врежан во колективната меморија на македонскиот народ и денот кога е направен првиот чекор до создавањето на македонската држава. Овој ден е симбол на почетокот и ден кога се поставени темелите, ден кога се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност. 

Македонската револуционерна организација е потсетник и мотив за битките и искушенијата со кои се соочуваме секојдневно, сплотени во борбата кон подобра заедничка иднина која само со верба и почит едни кон други ќе ја создаваме за генерациите кои доаѓаат. 

Нека ни е честит денот на Македонската револуционерна борба! 

Честит празник Македонијо!