Мицкоски: Македонија е на врвот според раст на БДП во третото тримесечје годинава е 3% споредбено со земјите од ЕУ и Европа, продолжуваме да работиме посветено

Почитувани,

Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана и назадувана економија.

Наследивме индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот.

Овие 5 месеци работиме да се зацврси и зголеми бруто домашниот производ. Деноноќно се трудиме да помогнеме на бизнисот да создадеме услови за почесна трговија, без закани, уцени, притисоци и по принципот како до сега, да бидеме во чекор со барањата и потребите на економијата. И можам да кажам дека успеваме, а тоа го говорат и првите економски индикатори.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ(БДП) во третото тримесечје од 2024 година тоа се месеците јули, август и септември, порасна за 3.0 %.

Може тоа претставува бројка што е релативна и бројка која што може да се дебатира, но какви се фактите. Во услови на сложени гео-економски и политички случувања бројката од 3 проценти е една од најголемите во рамките на ЕУ.

Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија 2,4 проценти. Потоа можам да кажам дека Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн.

Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа годона, тогаш може да кажеме дека македонската економија БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка Банка која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија.

Очекуваме раст сличен и повисок во четвртиот квартал со што би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти.

Тоа значи дека успеавме да ја консолидираме економијата и идикаторите со кои што денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тромесјечие се едни од најдобрите во Европа, и многу ретко пати до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат кој што ќе биде еден од најдобрите во Европа.

Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите:

-Трговија на големо и трговија на мало,

- Транспорт и складирање,

-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна,

-Стручни, научни и технички дејности,

-Административни и помошни услужни дејности.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеше за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.7 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.0 %.

Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот.

Дали можеме и треба да сме задоволни?

Одговорот е дека тука не застануваме и ќе продолжиме да работиме и за кратко време да заклучам имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои како што кажавме до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра.

Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро.

Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен.

Продолжуваме да работиме посветено и одговорно, бидејќи она што е наша цел е да дојдеме до подобри времиња, и такви времиња се пред нас и такви времиња ќе дојдат, и веќе доаѓаат, времиња на поголем раст.

И повторно да бидеме економија која што во овој дел на Европа ќе биде најдобра и една од водечките во Европа по растот на БДП.

Нас ни требаат крупни економски чекори за да можеме да го надоместиме сето она кое што беше изгубено изминатите 7 години.