Јавен oглас Бр.06/2025 за именување главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
11.02.2025

 

Врз основа на член 4 и член 5 од Закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2010, 43/2014, 154/2015, 27/2016, 190/2016 и 83/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.251/22 и 262/23), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН  ОГЛАС Бр.06/2025

за именување главен ревизор и заменик на главниот ревизор на

Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

 

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), со мандат од девет години без право на повторен избор.               

2. За главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

1)      Да се државјани на Република Северна Македонија;

2)      Да имаат високо образование од областа на економските или правните науки;

3)      Да имаат најмалку седум години искуство во областа на економијата или правото;

4)      Да имаат уверение за стекнато звање од областа на ревизијата;

5)      Дa поседуваaт еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-        ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

-        ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

-        ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

-        ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

-        БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

-        АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

6)     Да не врши друга јавна функција или професија, да не е член во органи на политичка партија, член на управен одбор, надзорен одбор или кој било друг орган кај друг правен субјект и

7)      Да не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

3. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1)      Пријава по оглас;

2)      Кратка биографија;

3)      Мотивациско писмо;

4)      Уверение за државјанство;

5)      Диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските или правните науки;

  1. Да има најмалку седум години искуство во областа на економијата или правото;

7)      Уверение за стекнато звање од областа на ревизијата;

8)     Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

-        ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

-        ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

-        ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

-        ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

-        БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

-        АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

9)     Доказ дека не врши друга јавна функција или професија, да не е член во органи на политичка партија, член на управен одбор, надзорен одбор или кој било друг орган кај друг правен субјект и

10)   Доказ дека не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

 

4.   Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на ИПА-со назнака за која позиција аплицира“.

 

5.   Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

6.   Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

7.   Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).

8.   Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

9.   Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf%C2%A0
 

Пропратни документи: