Јавен oглас Бр.10/2025 за именување директор на Државниот пазарен инспекторат
Врз основа на член 10 од Законот за државен пазарен инспекторат („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/07, 81/07, 36/11, 164/13, 41/14, 33/15, 61/15, 152/15, 53/16, 83/18, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.89/22, 3/25 и 16/25) и член 27 став (3) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/19, 272/24 и 22/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.10/2025
за именување директор на Државниот пазарен инспекторат
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија и труд.
- За директор на Државниот пазарен инспекторат може да биде именувано лице кои ги исполнува следниве услови, и тоа:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен од областа на економијата, правото, бизнис, администрацијата, машинската, електротехничката, технолошката струка или друга соодветна струка поврзана со надлежностите од членот 8 од Законот за државен пазарен инспекторат;
4) Да има минимум шест години работно искуство;
5) Да има потврда или сертификат за положен испит за познавање еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) на ниво Б2 (В2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години и
6) Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- За директор на Државниот пазарен инспекторат, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение дека има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII степен од областа на економијата, правото, бизнис, администрацијата, машинската, електротехничката, технолошката струка или друга соодветна струка поврзана со надлежностите од членот 8 од законот;
- Доказ дека има минимум шест години работно искуство;
- Потврда или сертификат за положен испит за познавање еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски) на ниво Б2 (В2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот пазарен инспекторат“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.