Јавен повик Бр.19/2025 за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија
Институција која огласува:
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
04.03.2025
Врз основа на член 18 од Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 19/2025
за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија
- Владата на Република Северна Македонија, ќе избере директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, со право на реизбор.
- За директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Да има најмалку 5 години работно искуство;
- Да поседува сертификат или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користење јазици во Европската Унија - англиски, француски, германски или италијански на најмалку ниво Б2 (В2) и
- Да поседува уверение или сертификат за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- За директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија може да бидe избрано лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од јавниот повик треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по јавен повик,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство,
- Доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- Доказ дека има најмалку 5 години работно искуство,
- Сертификат или уверение со кои се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користење јазици во Европската Унија - англиски, француски, германски или италијански на најмалку ниво Б2 (В2) и
- Уверение или сертификат за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен повик за именување директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија “.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: