Јавен oглас Бр.32/2025 за именување на директор на Геолошки завод на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.03.2025

 

Врз основа на член  7 став (1), став (2) и став (3) од Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр. 136/2012, 41/2014,  61/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.147/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.32/2025

за именување на директор на Геолошки завод на Република Северна Македонија

 

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Геолошки завод на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за енергетика, рударство и минерални суровини за време од четири години, со право повторно да биде именуван.
  2. За директор на Геолошки завод на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на геологијата;
  4. Да има минимум пет години работно искуство во областа на геологијата, рударството и минералните суровини;
  5. Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

 

  1. За директор на Геолошки завод на Република Северна Македонија, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Мотивациско писмо;
  4. План и програма за идна работа;
  5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  7. Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на геологијата;
  8. Доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на геологијата, рударството и минералните суровини;
  9. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Геолошкиот завод на Република Северна Македонија “.

 

  1. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  2. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  3. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
  4. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  5. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи: