Јавен оглас Бр.46/2025 за именување на директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи
Врз основа на член 30 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 99/2019, 220/2019, 236/2022 и 74/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.46/2025
за именување на директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи
1. Владата на Република Северна Македонија, на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, ќе именува директор/заменик на директорот на одделни Казнено поправни установи, за време од четири години со право на повторен избор за следниве Казнено поправни установи и тоа за следните позиции:
- заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Скопје;
- директор на Казнено поправна установа Затвор Охрид;
- заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Охрид;
- директор на Воспитно - поправен дом Тетово;
- заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Тетово и
- директор на Казнено поправна установа Затвор Гевгелија.
2. За директор/заменик на директорот на Казнено поправна установа, може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Активно да го владее македонскиот јазик;
- Да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
- Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
3. За директор/заменик на директорот на Казнено поправна установа може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
- https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
- https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство, на Република Северна Македонија,
- Доказ дека активно го владее македонскиот јазик,
- Доказ дека е работоспособен и дека има општа здравствена способност,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Доказ дека има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор/заменик на директорот на Казнено поправна установа - со наведување на позицијата за која аплицира“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.