Јавен оглас бр.52/2025 за за искажување на интерес за учество во Националниот совет за медијација

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
06.05.2025

Врз основа на член 64 став 5, член 65 став 1 од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН   ОГЛАС бр.52/2025

за искажување на интерес за учество во Националниот совет за медијација

 

  1. Владата на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за искажување на интерес за учество во Националниот совет за медијација и од редот на пријавените лица ќе избере еден член на Националниот совет за медијација.
  2. За член на Националниот совет за медијација може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да е деловно способно лице и да има општа здравствена способност, што се докажува со уверение издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот,
  • да има диплома за завршено високо образование VII/I или 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Република Северна Македонија или решение за признавање на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството за образование и наука,
  • да има потврда за најмалку пет години работно искуство по завршено високо образование и
  • да покажале резултати во областа на медијацијата, во последните пет години.

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Уверение за државјанство;
  4. Доказ дека е деловно способно лице и има општа здравствена способност, што се докажува со уверение издадено од надлежна здравствена установа од областа на медицина на трудот;
  5. Диплома или уверение за завршено високо образование VII/I или 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Република Северна Македонија или решение за признавање на соодветна високообразовна квалификација стекната во странство издадено од Министерството за образование и наука;
  6. Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на РСМ или во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како работен стаж, доказ за најмалку пет години работно искуство по завршено високо образование и
  7. Доказ дека покажува резултати во областа на медијацијата, во последните пет години.

 

  1. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за искажување на интерес за учество во Националниот совет за медијација“. 
  2. Членовите на Советот се именуваат за време од четири години, со право на уште еден последователен избор.
  3. Членовите на Советот се должни активно да учествуваат во вршењето на активностите на Советот и редовно да присуствуваат на закажаните седници.
  4. Членовите на Советот имаат право на паричен надоместок за вршењето на работите од својот делокруг, во износ од половина од просечната нето-плата во Република Северна Македонија исплатена во последните три месеци.
  5. Членовите на Советот кои живеат и работат надвор од подрачјето на град Скопје, имаат право на надомест на патните трошоци за автобуски превоз во реален износ, за што се доставува доказ до секретарот на Советот.
  6. Советот е во постојано заседание, со обврска да одржува најмалку две седници во текот на еден месец.
  7. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  8. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи: