Мицкоски: Во Штип работиме на три инвестиции, и над 1000 нови вработувања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ново најавените инвестиции, изјави:

„Да најавивме нова инвестиција којашто ќе се случи за 10 до 12 дена од денеска, неколку десетици милиони евра и повеќе од две стотини вработени. Целосно ќе биде производството наменето за извоз на бела техника, значајно ќе учествува во бруто домашниот производ. И истовремено, сакам да ги информирам штипјани и луѓето од околината на Штип, дека работиме на две и проширување на една, на три инвестиции во зоната овде во Штип. И мислам дека многу скоро, денеска ќе има убави вести за граѓаните на Штип и околината и за овие две со проширувањето, би рекол три инвестиции. Вкупно, сумарно ќе биде околу илјада и повеќе од илјада нови вработувања и неколку стотици милиони евра.“