Па добро опозицијата тоа го прави, бидејќи мисли дека на тој начин со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка кај граѓаните. Јас тоа веќе еднаш го коментирав, дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за справувањето со пожарите.
Премиерот истакна дека за разлика од СДСМ, Владата има јас визија и стратегија како да работи чесно и посветено.
Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати до сега, ќе победиме на крај, дециден е Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека под контрола се ставени пожарите во Трубарево и Вардариште.
Што се однесува со состојбата со пожарите, оној во Трубарево и Вардариште се целосно под контрола. Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој димеше иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола, порача премиерот Мицкоски.