Вчера, во просториите на Владата на Република СевернаМакедонија, Заменик-претседателот на Владата задолжен заполитики на добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средбасо група претприемачи од Турција, кои изразија големинтерес за економска соработка и инвестиции во земјата. Средбата, која се одвиваше во пријателска и конструктивнаатмосфера, беше фокусирана на зајакнување набилатералните односи и потенцијалот за заеднички развој.
Вицепремиерот Фетаи истакна дека одличните односи меѓуТурција и Северна Македонија, кои достигнаа ниво настратешко партнерство, создаваат идеална основа зазголемување на економската соработка и отворање новиможности за странски инвестиции. Тој ги нагласипредностите за турските инвеститори, вклучувајќи јаповолната законска рамка, даночните олеснувања и лесниотпристап до регионалниот пазар.
На средбата присуствуваше и директорот на Агенцијата застрански инвестиции, Рефик Џемаили, кој ги презентирашеспецифичните можности за инвестиции во приоритетнисектори како градежништвото, текстилната индустрија, агрономијата и туризмот. Бизнисмените од Турција изразијаентузијазам и се согласија за натамошни чекори зазаеднички проекти.
Оваа средба се одржа во рамките на посетата на турскитепретприемачи на Северна Македонија, која вклучуваше и средби со министерот за здравство и посети на регионитекако Харанчиново и Липковскиот регион, покажувајќи гоангажманот на Владата за привлекување странскиинвестиции и промовирање на регионалната соработка.