Премиерот Груевски ги посети повредените од пожарот
Премиерот Никола Груевски вечерва во Градската болница ги посети повредените од денешниот пожар кој ја зафати Струмица.
Покрај премиерот Груевски, повредените ги посетија и министерот за земјоделство Љупчо Димовски и заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.
Министерството за здравство има формирано Координативно тело кое ќе биде надлежно за справување со ситуацијата.
Според последните информации, пет лица се потешко, а десет полесно повредени при гаснењето на пожарот кај Струмица.
Пожарот што почна на пладне, во 12 часот, од небрежност, во местото Чамчифлик, зафати борова шума и малку смрека на околу 100 хектари, се прошири, но е изгаснат од дождот во 19 часот и 30 минути.