Јадранската повелба - добар механизам за промовирање на регионалната соработка

Jадранската повелба е добар механизам за подготовка на земјите за членство во НАТО. Тоа го покажа приемот на Албанија и на Хрватска. Тој треба и во иднина да придонесе за членството во Алијансата и на останатите земји кои се дел од Повелбата, а од кое ќе има бенефит целиот регион.

Ова беше истакнато на денешната прес конференција по состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба на ниво на министри за надворешни работи, со кој претседаваше Македонија.  

- Заедничката евроатлантска интеграција на сите земји од регионот е неопходен предуслов за долгорочната стабилност на регионот како и на цела Европа. Таа треба да се искористи и во иднина како поединечно така и заеднички да се лобира за полноправно членство во НАТО на сите земји од регионот и на тој начин да докажеме дека работиме заедно за остварување на заедничката цел - постабиле и попросперитетен Балкан во европски рамки, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Според, Попоски, предизвиците со кои се соочуваме и во доменот на нашето учество на одржување на меѓународниот мир се исклучитено значајни. Нагласивме дека со нашите партнери во НАТО имамме доста значаен придонес кон градењето на мирот и стабилноста во Авганистан. Изразена е желба дека и по 2014 ќе продолжиме со нашите напори на обучување на авганистанските безбедносни сили.

- Од аспект на РМ го истакнавме нашето учество и посветеноста да бидеме дел од овој заеднички напор и во идниот период. Значаен факт е што и покрај 14 акциски плана за членство во НАТО нашите напори конзистентно продолжуваат и тоа е ценето од сите наши партнери во рамки на мировните операции во кои РМ членува и придонесува, рече Попоски.

Сите го попздравија и претстојното пристапување на Хрватска во ЕУ, како значаен сигнал за целиот регион, дека оди во вистинскиот правец, како и договорот постигнат меѓу Косово и Србија како важен чекор напред кон одржување на мирот и безбедноста во регионот, додаде Попоски.

Според американскиот заменик помошник на dржавниот секретар Филип Рикер рече дека САД цврсто стојат зад целите на Повелбата, за поддршка на членство во НАТО на земјите од регионот и промоција на регионалната соработка во областа на одбраната. Постигнати се, вели, и повеќе успешни мисии, како таа во Авганистан, а посакува да следат уште.

- Безбедносните прашања се регионални по својата природа и земјите од регионот имаат бенефит од регионалната соработка. Значењето на практичната соработка секогаш ја нагласува потребата од надминување на политичките прашања меѓу земјите, како што покажува примерот на Србија и Косово. САД сметаат дека земјите од овој регион може да успеат или да стагнираат заедно, рече Рикер.         

Јошко Клисовиќ, заменик министер за надворешни работи и европски прашања на Хрватска во својство на земја претходен претседавач со Повелбата, го подвлече фактот дека за изминатите 10 години од оваа иницијатива регионот претрпе значајен прогрес со оглед дека две земји станаа членки на НАТО, а Македонија треба да стане дел од Алијансата, како и дека од регион на конзумент на безбедност стана извозник на безбедност.

- Работата се уште не е завршена со оглед дека сеуште има меѓународно воено присуство. Хрватска ќе продолжи да го поддржува регионот и по членството во ЕУ за две недели и ќе ги зголеми напорите за соработка со земјите - партнери во регионот со цел да им помогне и го сподели своето искуство на евроатлансткиот пат, рече Клисовиќ.

Игор Лукшиќ, министерот за надворешни работи на Црна Гора која го презема претседавањето со Јадранската повелба од 1 јули нагласи дека тие ќе се фокусираат на теми како учеството на ќените во мировните мисии, улогата на јавната дипломатија во промовирање на евроатланстките интеграции и примената на партнерските цели на стабилизација, реконструкција и соработка. Тој изрази надеж дека на следниот НАТО самит ќе биде разгедано и прашањето за проширување на Алијансата.  

На состанокот покрај министрите за надворешни работи и високите политички претставници на земјите членки на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и БиХ) и заменик помошникот на Државниот секретар на САД, Филип Рикер,во својство на набљудувачи присуствуваа и претставници на МНР на Косово и на Србија.

Согласно активностите предвидени со Акциониот план на македонското претседавање, на средбата се дискутираа модалитетите за засилување на соработката меѓу А5 земјите во пресрет на следниот НАТО Самит, како и можностите за заедничка контрибуција во новата НАТО предводена мисија во Авганистан по 2014 година.