Честитка од премиерот Груевски до бискупот Киро Стојанов за Велигден
До Д-р Киро Стојанов
Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија
Почитуван г-дине Стојанов,
Со голема чест и радост на овој ден, во свое име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монаштво и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, Ви го честитам христијанскиот празник - Велигден.
Овој ден, кој е од Бога создаден, е ден на радоста. Велигден е празник кога се слави добрината, човекољубието и ја симболизира солидарноста и толеранцијата. Ова се вредности кои се универзални и потребни насекаде и во полза на секому. Затоа Велигден е празник кој во себе ги содржи овие принципи и вредности и токму затоа неговата важност е голема и значајна. Саможртвата на нашиот Бог не учи дека праведноста, чесноста и вербата се работи кои не придвижуваат напред, истрајноста и држењето до тие принципи е она што носи развој и просперитет. Јас верувам дека сите ние како христијани, ќе продолжиме да го следиме тој пат, ќе продолжиме да ги шириме христијанските вредности, љубовта, толеранцијата и соживотот помеѓу луѓето.
Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање !
Нека се среќни Велигденските празници и нека Божјата благодет биде постојано со нас, со нашите граѓани, со Македонија!
Нека е за многу години големиот празник !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА !
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ