Одиме напред - Македонија во НАТО и ЕУ
Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев, ги поканува сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија.
Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина!
Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност.
Почитувани граѓани,
Во сабота, на 14 јули, да се обединиме и заеднички да го прославиме историскиот успех на Македонија.
Во 15 градови ширум земјата, заедно со најголемите домашни ѕвезди:
Скопје, почеток во 21:00 часот со: Кирил Џајковски, Архангел, Quepurdat
Битола, почеток во 21:00 часот со: Дејан Декс, Flooder, Дуке Бојаџиев, Горан Кан.
Велес, почеток во 21:00 часот со: Ферус Мустафов, Слаткар
Гевгелија, почеток во 21:00 часот со: Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс
Гостивар, почеток во 21:00 часот со: Феки Ферис, Ареа
Кавадарци, почеток во 21:00 часот со: Кристина Арнаудова, Нокаут
Кичево, почеток во 21:00 часот со: Адријан Гаџа, Владо Јаневски
Кочани, почеток во 21:00 часот со: Лепи Џони, Баклава, Conquering Lion
Куманово, почеток во 21:00 часот со Мухамед Ибрахими, Шутка Рома Рап, ПМЏ Колектив, Фолтин
Охрид, почеток во 18:00 часот со: Лозано, Исмаил Лумановски
Прилеп, почеток во 20:00 часот со: 5 Плус Бенд
Струга, почеток во 21:00 часот со: Бла бла бла, САФ, Маци Стојановиќ
Струмица, почеток во 21:00 часот со: Чалгија Саунд Систем, Љубојна
Тетово, почеток во 18:00 часот со: Биг Мама, Хај Контрол, Шпат Касапи, Дани Димитровска
Штип, почеток 21:00 часот, со: Елена Ристовска, ДНК
Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ