Пријава за Интерен оглас

Чекор 1 - преземете ја следнава пријава за пополнување

Чекор 2 - пополнете ја пријавата, потпишете ја и скенирајте ја

Чекор 3 - заедно со доказите за податоците и пријавата зачувајте ги во еден ПДФ (PDF) документ.

Чекор 4 - доколку имате и пропратните документи зачувајте ги и тие во еден ПДФ (PDF) документ.

Чекор 5 - Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, да ги доставите до Секторот за човечки ресурси.

Чекор 6 - Пополнетата пријава испратете ја и на електронската пошта на Секторот за човечки ресурси - SRC@gs.gov.mk.

Пропратни документи (согласно позицијата за која се аплицира)

Кон пријавата кандидатот може да приложи и:

- потврди за успешно реализирани обуки и/или

- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)


Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.