139-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
11.06.2019 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за период 1.01. - 30.06.2019 година, утврдена согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2019 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Материјали за кои се води расправа и се одлучува
1 Информација за годишна сметка и годишен извештај за работата на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро-берза Скопје за 2018 година, со Предлог-одлука
2 Предлог-уредба за стандардите на метаподатоците
3 Информација за Статусот на реализација на проектот за воспоставување на електронска платформа за регистрирање на фирма, регистрација за ДДВ цели и регистрирање на вработени
4 Информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат
5 Информација во врска со потреба од престанок на правото на користење на недвижна ствар во државна сопственост за која катастарот на недвижности е запишано право на користење на правно лице основано од државата и пренесување право на трајно користење на Општина Кавадарци, со Предлог-одлуки
6 Предлог-одлука за престанок и за давање движна ствар на трајно користење на ЈЗУ Здраствен дом Тетово
7 Предлог-одлука за престанок и за давање движни ствари на трајно користење на доброволно противпожарно друштво Свети Николе
8 Извештај за работата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во 2018 година
9 Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
10 Предлог-одлука за продажба на движна ствар (Мерцедес 124Т) и Предлог-одлука за продажба на движна ствар (Цимос Цитроен)
11 Прeдлог-одлука за продажба на движни ствари
12 Предлог-уредба за утврдување на висината на надоместокот за чување и евапорација на нафта и нафтени деривати од задолжителните резерви
13 Предлог-уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи начинот на директните плаќања за 2019 година
14 Информација по барање за добивање на согласност за размена на шума и шумско земјиште во сопственост на Република Северна Македонија со шума и шумско земјиште во приватна сопственост во сопственост на Слободан Димовски, со Предлог-одлука и Договор
15 Информација за измена на Одлуката за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А4-времено сместување КО Сопиште вон град, општина Сопиште, со Предлог-одлука за престанување на важење на Одлуката за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А4-времено сместување КО Сопиште вон град, општина Сопиште и Предлог-одлука за давање на согласноста за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Локална урбанистичка планска документација за изградба на објект со намена А4-времено сместување КО Сопиште - вонградежен, општина Сопиште
16 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на бензиска пумпна станица, гасна електроцентрала и објекти со намена за спорт и рекреација КО Сарамзалино, општина Лозово со Предлог-одлука
17 Информација во врска со ревидираниот Стратешки маркетинг план на ТАВ Македонија за 2019 година
18 Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за општина Долнени
19 Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за општина Дебрца
20 Информација со Предлог-одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за општина Валандово
21 Информација за моменталната состојба на рударскиот комплекс Казандол, со Предлог-мерки
22 Информација за текот на активностите за подготовка за Втората ревизија за преиспитување на трговската политика на Република Северна Македонија согласно Mеханизмот на Светската трговска организација
23 Информација со предлог за донесување на одлука за продажба на недвижен и подвижен имот кој припаѓал на должникот Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД од Куманово и е доделен на Република Северна Македонија
24 Информација за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата и Информација за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци
25 Предлог за поведување на постапка за водење на преговори за склучување на Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за правна помош во граѓанските предмети
26 Информација за учество на Република Северна Македонија на „EXPO Dubai 2020”, со Предлог-решение
27 Информација за Препораките упатени кон Република Северна Македонија во рамките на третиот циклус на Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права на ОН со предлог ставови во однос на нивната прифатливост
28 Информација за одржување на прва заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово
29 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот јануари - март 2019 година
30 Информација за постапување по препораките на УНЕСКО во контекст на објавената Нацрт Одлука (43.COM 7B.36)
31 Информација за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Воведување на вакцинација против пневмокок и рота вирус“
32 Информација по доставено Барање за одобрение за основање на приватна установа за социјална заштита на стари лица на К.П. 1702/2, место викано Шуманица, катастарска општина Добри Дол, со Предлог-одлука
33 Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година
34 Предлог-одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година
35 Предлог-одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп и склучување на договор за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на непосредна спогодба на Друштво за производство, трговија и услуги МХЕ ТОПОЛКИ ДОО Скопје
36 Барање на Петрит Менај за прием на државјанство на Република Северна Македонија по член 11 од Закон за Државјанство
37 Предлог-одлука за одобрување средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2019 година
38 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Дебар
39 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено поправна установа - Затвор Прилеп
40 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија
41 Барање за давање на автентично толкување на член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поднесено од Градоначалникот на Општина Радовиш
42 Барање за давање на автентично толкување на член 85 став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 ) поднесено од Градоначалникот на Општина Карпош
43 Барање за давање на автентично толкување на член 83 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 93/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18) поднесено од пратеникот Никола Мицевски 
44 Понуда од Нотар Александра Петровска Ангеловска од Битола за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.52034 за КО трново на КП бр.260 дел 1 место викано/улица Петровица
45 Извествање од извршител Снежана Андреевска од Скопје, за заклучок за прва усна јавна продажба на недвижност евидентирана во ИЛ.бр.2079 КП.бр.1080/3 за КО Г и Д Оризари (која ќе се одржи 21.05.2019 година) и Заклучок за утврдување на вредност на недвижност И. бр. 453/18
46 Записник од 12-та седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, со Предлог-одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија
47 Повик за свикување на Собрание на Македонски Телеком АД - Скопје, закажано за 18 јуни 2019 година, во 10.00 часот (Македонски Телеком АД - Скопје)
48 Кадровски прашања /139/
49 Прашања и предлози /139/
50 Конечен извештај на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Регулаторна комисија за енергетика за 2017 година
51 Тримесечен финансиски извештај јануари-март 2019 година
52 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари - март 2019 година
53 Тримесечен финансиски извештај за работењето на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија за периодот јануари - март 2019 година
54 Извештај за работата на Информативното тело формирано согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Информативно тело за олеснување на трговијата на Владата на Република Северна Македонија за Светската трговска организација (Царинска управа)
55 Годишен извештај за работата на Националното координативно тело за превенција, намалување на ризиците и заштита од хемиски, биолошки, радијациони и нуклеарни оружја и материјали во 2018 година
56 Информација за работата на Националното координативно тело за следење на имплментацијата на Стратегијата за Роми и Интеграција на Ромите 2020 (за период јануари - април 2019 година)
57 Информација за одложена имплементација на наставните планови и програми за I (прва) година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2020-2021 година
58 Информација за барањата на компанијата Џонсон Контролс ДООЕЛ Штип, корисник на ТИРЗ „Штип“, поврзани со одобрување на дополнителна инвестиција како оправдани инвестициски трошоци со право за користење државна помош согласно Договорот за доделување на државна помош склучен со Владата на Република Македонија
59 Информација за потребата од печатење на нови дополнителни изданија на граматика на ромски јазик и речник на македонски - ромски јазик