49-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05.05.2020 - 13:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов  
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција  
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ  
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО  
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор  
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции  
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните  
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците  
Пред точка Информација за извршени инспекциски надзори согласно Заклучок на Владата од седницата, одржана на 13.3.2020 година, со извештаи спроведени во текот на месец април 2020 година  
1 Записник од Четириесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 2 мај 2020 година  
2 Записник од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 4 мај 2020 година  
3  Записник од Четириесет и вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 5 мај 2020 година  
4 Информација за потреба од обезбедување на нафтени деривати наменети за покривање на потребите на ЈП "Комуналец"  
5 Информација за потрeбата од прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со Предлог - одлука  
6 Информација за потрeбата од прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, со Предлог - одлука  
7 Информација за продолжување на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации  
8 Иницијатива поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под број 45/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 90/2020).  
9 Иницијатива поднесена од Тодор Петров, претседател на Светскиот Македонски Конгрес, Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.42/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 72/2020)  
10 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба  
11 Предлог - уредба со законска сила за примена на законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба  
12 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба  
13 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба  
14 Предлог - уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба  
15 Годишен извештај за работењето на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија за 2019 година, со Предлог - одлука  
16 Барање со Акциски план за чистење на дел од критичните реки на територијата на општина Битола  
17 Предлог - одлуки за давање согласност на Решенија за отстапување на одземени предмети со правосилна пресуда/одлука (разна стока)  
18 Предлог - одлука за престанување на важењето на Одлуката за давање согласност на Решението за отстапување на одземен предмет со правосилна Одлука на НУ Македонска опера и балет-Скопје (возило)  
19 Информација за потреба од набавка на услуга за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци  
20 Информација за проектирање на градежните конструкции на градбите со примена на Еврокодовите за проектирање на градежни конструкции  
21 Предлог – одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот “С. Чегране - Гостивар”, општина Гостивар  
22 Предлог – одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на железо на локалитетот “Тајмиште”, општина Кичево  
23 Предлог – одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – доломит и доломитизирани варовници на локалитетот “Бигор Доленици”, општина Кичево  
24 Понуда од нотар Матилда Бабиќ од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.2042 за КО Радишани на КП бр.957 викано место/улица Село  
25 Кадровски прашања /49/  
26 Прашања и предлози /49/  
27 Акционен план на активности на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати по препораките на овластениот државен ревизор дадени во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2018 година  
28 Информација во врска со исплатата на пензии за корисниците на пензија на кои што Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија им исплаќа пензија надвор од територијата на Република Северна Македонија  
29 Информација со Акциски план со точно дефинирани активности, рокови и носители за имплементација на дадените препораки од конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2018 година со краен рок за постапување до 6.04.2020 година  
30 Информација за напредокот и спроведувањето на Програмата за реформи на единиците на локална самоуправа во областа на животната средина  
31 Информација за квалитет на воздухот во Република Северна Македонија за февруари 2020 година  
32 Информација за квалитет на воздухот во Република Северна Македонија за март 2020 година  
33 Информација за постапките за преземање на вработените од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците во институции од јавен сектор, реализирани во период од 1.12.2019 година заклучно до 16.02.2020 година  
34 Информација за потрeбата од прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк, со Предлог - одлука  
35 Информација за измени на одредени услови и критериуми во дел од мерките за вработување кои се содржани во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување за 2018 и 2019 година  
36 Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID 19 и заштита на населението за време на вонредна состојба  
37 Информација за донесување на Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното препријатие за државни патишта, со Предлог - одлука