Трајан Димковски - заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Трајан Димковски е роден  во 1967 година.  Тој е дипломиран земјоделски инженер - насока лозаро-овоштарство,  на Земјоделскиот факултет – Скопје

Во периодот 2001 -2007 г. бил координатор на проектот „Поддршка на земјоделски здруженија“.

Во периодот 2007– 2012 г. бил извршен директор на „Федерација на фармерите во Република Македонија“ (ФФРМ).  

Од 2013 до 2017 г.  ја врши должноста претседател на Управниот одбор на „Рурална коалиција”, за промовирање на платформата и создавање услови за потпишување декларација за соработка помеѓу слични организации во Република Северна Македонија и во регионот.  

Од 2015 до 2016 г. ја врши должноста посебен советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 Во периодот од 2017 до 2019 г.  бил шеф на кабинетот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, а во 2019г. раководел со секторот за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во периодот од 2019 – 2020г.  ја врши должноста Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.