102-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
15.11.2022 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 99-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 4 ноември 2022 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 101-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 12 ноември 2022 година
1 Извештај во однос на процесот за селекција и обука на кандидати за контролори на летање согласно јавниот оглас број 3/2022 објавен од М-НАВ на 28.07.2022 година
2 Информација за влошената финансиска состојба на АД„Пошта на Северна Македонија“-Скопје и барање помош за излез од истата
3 Информација за спроведување на повеќегодишна групна јавна набавка изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на деловен објект бр.4 во кругот на постојниот”Дом за стари лица Иван Влашки” во Општина Берово
4 Одлука за престанок на важење на Одлуката за престанок и за давање на трајно користење на недвижна ствар на Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје Битола
5 Прашања и предлози
6 Информација за изменување на Одлуката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај-езеро Треска“
7  Информација за предлог договорот за доделување на државна помош на друштвото за програмирање и услуги ХАЈ ТЕК ИНЖЕНЕРИНГ ЦЕНТАР ДООЕЛ СКОПЈЕ-постапување во врска со заклучок по точка 43 од 86-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 04.10.2022 година
8 Информација во врска со постапката за доделување на концесија за експлоатација на друг вид на минерална суровина-кварцен песок и кварцен чакал на Друштвото за производство, трговија и услуги ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ Струмица на локалитетот “Врпчовски“, општина Василево со Предлог-Одлука
9 Информација за формирање на работна група за Развој на информациски систем за управување со државна помош (SAMIS)
10 Информација за Предлог договор за доделување на државна помош на Друштвото за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Желино, со предлог-одлука
11 Информација за подготовка на деветнаесеттиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување помеѓу Европската унија и Република Северна Македонија, што ќе се одржи на 1 декември 2022 година
12 Информација за назначување на Национален ИПА координатор (НИПАК) за спроведување на Инструментот за претпристапна помош ИПА III, со Образложение и Предлог-решение
13 Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година