222-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
22.01.2024 - 16:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јули 2023 година – 31 декември 2023 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, по скратена постапка
2 Информација во врска со утврдување на содржината на менаџерските договори и методологијата за одредување на висината на платите на членовите на управни и надзорни одбори на акционерските друштва, јавните претпријатија и другите трговски друштва и институции во сопственост на Република Северна Македонија
3 Предлог на Закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка
4 Предлог на закон за дополнување на Законот за правосудниот испит
5 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот
6 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување
7 Барање за давање на автентично толкување на член 2 став (3), член 4, член 50, член 72 став (1) и член 75 став (1) од Законот за спречување на корупција и судир на интереси („Службен весник на Република Македонија" бр.12/19), а во врска со издавање на граѓански обврзници, поднесено од Владата на Република Северна Македонија
8 Информацијата од Националниот совет за медијација за потребите за непречено функционирање на истиот во 2024 година
9 Предлог - одлуки за давање согласност на решенијата за отстапување на одземени предмети (вкупно 6 моторни возила) во кривична и прекршочна постапка
10 Предлог - одлуки за давање согласност на Решениата за отстапување предмети во кривична, прекршочна и управна постапка
11 Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У 03-1198/1
12 Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У 13/20
13 Информација за правосилност на пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот Китановска и Трајковски против Северна Македонија А.бр. 71657/17 и девет други апликации
14 Предлог за поведување постапка за водење на преговори за склучување на Договор за безбедносна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција
15 Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижнa ствар на Здружението на граѓани Полио плус - Пост полио група за поддршка, Скопје
16 Предлог-Одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во НАТО мисијата „NATO Mission Iraq-NMI“ во Ирак (ротација март-септември 2024 година)
17 Годишен извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност надвор од територијата на Република Северна Македонија во 2023 година
18 Предлог - Одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Казнено поправната установа Идризово
19 Извештај од анализа на нацрт - стратешките планови на министерствата и другите органи на државната управа од аспект на формата, содржината и нивната усоглсеност со стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година
20 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, поднесен од група пратеници
21 Иницијатива поднесена од Здружение на граѓани - Но Пасаран, КСОМ од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.198/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 93 од Законот за извршување
22 Иницијатива поднесена од адвокат Александра Илиева Милчова, доставена до Уставниот суд под У.бр.142/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на длеови од потточка 1 од Таксената тарифа во Главата I. Парнична постапка и извршување, точка 1. Поднесоци, Тарифен бр.1 од Законот за судските таксиподнесена од адвокат Александра Илиева Милчова, доставена до Уставниот суд под У.бр.142/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на делови од потточка 1 од Таксената тарифа во Главата I. Парнична постапка и извршување, точка 1. Поднесоци, Тарифен бр.1 од Законот за судските такси („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/09, 148/11, 106/163, 166/14 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.257/20)
23 Иницијатива поднесена од адвокат Александра Илиева Милчова од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.15/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 107 став 2 пд Законот за електронските комуникации („Службен весник на Република Македонија“ бр.39/2014, 188/2014, 44/2015, 193/2015, 11/2018, 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2021)
24 Иницијатива поднесена од Страхил Гавритов од Радовиш, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.28/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 153-а и 155-а од Изборниот законик
25 Понуда од нотар Сашо Клисароски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.3134 за КО Глуво Бразда на КП бр.3300, Викано Место улица/ Кременјача
26 Кадровски прашања 
27 Прашања и предлози 
28 Информација за потребата од изменување и дополнување на Колективниот договор на ЈПДП
29 Предлог годишна програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2024 година
30 Бизнис план на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје за 2024 година
31 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка
32 Информација во врска со усвојување на Инвестициски план за забрзана транзиција од јаглен за целите на користење на средства од Програмата за забрзување на транзицијата од јаглен поддржана од Климатскиот инвестициски фонд 
33 Информација во врска со одржување на седница на Собрание на акционери на Тутунски комбинат АД Прилеп, закажана за ден 27.01.2024 година 
34 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 30.12.2023-07.01.2024 година
35 Предлог Уредба за утврдување на поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината за остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетските корисници на централната власт, единките корисници и фондовите
36 Предлог–Одлука за проширување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – олово и цинк на локалитетот ,,Сокол - Тораница“, општина Крива Паланка и општина Македонска Каменица на Друштвото за производство и трговија БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип
37 Предлог-Програма за заштита на потрошувачите за 2024 година
38 Предлог на закон за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа Пехчево и Договор за стратешки инвестиционен проект „Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО Негрево Пехчево
39 Информација во врска со завршување на втората фаза од конкуретниот дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република С. Македонија
40 Предлог на Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка
41 Информација во врска со извршената евалуација од Јавниот повик за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина –варовник на локалитетот ,,Зла Осојница” с.Блаце, општина Брвеница 10/2023 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.244/23), со Предлог – одлукa
42 Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатните медиуми за 2024 година
43 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 04.01.2024-10.01.2024 година
44 Предлог на Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка
45 Предлог-текст на Закон за борба со допингот во спортот и негово спречување
46 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало
47 Информација за потребата од донесување на Национален Акционен План за Здравствена Безбедност во Република Северна Македонија 2024-2030
48 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад
49 Информација заради давање на овластување на министерот за здравство за потпишување на Анекс за изменување и дополнување на Kолективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија и на директорите односно ВД директорите на јавните здравствени установи за потпишување на Анекси за изменување и дополнување на Поединечните колективни договори
50 Предлог-одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед 
51 Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема
52 Предлог-одлука за субвенционирање на камата која произлегува од договорот за заем за финансирање на зелени и општествено одговорни инвестиции склучен меѓу Развојна Банка на Северна Македонија и Француската агенција за развој
53 Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово (35 припадници)
54 Информација со Измена и дополнување на План за преземање на нераспределените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработени преку програма К-5
55 Информација за оправданоста на барањето за вработување во Акционерскота друштво Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со Предлог - Одлука
56 Информација во врска со надоместување на разликата помеѓу производната цена на електрична енергија од АД ЕСМ Скопје и цената на електрична енергија за Универзален снабдувач за 2023 година, со Предлог Одлука
57 Информација за потребата од привремено вработување на 10 (десет) лица преку Агенција за привремени вработувања
58 Информација за обезбедување на согласност за преземање на обврски за наредни години за реконструкција со доградба и надградба на објектот на Универзална сала во Скопје
59 Информација за потребата од изградба на нов Технички ремонтен центар за потребите на Армијата на Република Северна Македонија
60 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, по скратена постапка
61 Предлог Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2024 година