Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија

Формирањето на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија при Владата на Република Северна Македонија, претставува обврска на државата согласно ратификацијата на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост од страна на Собранието на Република Северна Македонија во 2011 година, и член 33 од истата, како основен механизам за имплементација на истата.

Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија при Владата на Република Северна Македонија е формирано со Одлука на Владата на Република Северна Македонија на 17 април 2018 година, а на 05 јуни 2018 година Владата на Република Северна Македонија донесе Решение за назначување Национален координатор - претседавач и членови на телото.

Националното координативно тело е составено од вкупно 15 членови со инклузивен состав. Во него членуваат 2 претставници од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, 11 претставници од клучните министерства (Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Министерство за финансии, Министерство за транспорт и врски, Министерство за правда,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за култура, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за животна средина и просторно планирање и министерство за локална самоуправа), 1 претставник од Националниот совет на инвалидски организации на Северна Македонија и 1 претставник од организациите на родители на деца со опреченост(Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби).

Основната улога и задачи на ова Национално координативно тело е да претставува извршен механизам за иницирање, координирање, решавање и упатување на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, основните единици на извршната власт-министерствата и институциите под нивна надлежност, за активностите и принципите кои треба да ги превземат со цел за исполнување на начелата и принципите од Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

Воедно ова национално координативно тело работи во тесна координација и соработка со сите лица со попреченост во Република Северна Македонија, индивидуално и/или преку различните облици на нивно организирање, со цел создавање спрега помеѓу потребите и правата на лицата со попреченост и институциите во надлежност за нивна реализација, а во рамките и принципите на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост.

 

Име и презиме

Институција/ организација

e- mail

Спасе Додевски

Национален координатор за имплементација на Конвенцијата. Советник на претседателот на Владата на РМ за образование, социјална и здравствена заштита и институционален систем за лицата со попреченост

spase.dodevski@primeminister.gov.mk

Лидија Крстевска Дојчиновска

Канцеларија на претседателот на Владата на РМ

lidija.dojcinovska@primeminister.gov.mk

Емилија Јовановска

Министерство за образование и наука

emilija.jovanovska@mon.gov.mk

Душан Томшиќ

Министерство за труд и социјална политика

DTomsic@mtsp.gov.mk

Михајло  Костовски

Министерство за здравство

 

mihajlo.kostovski@zdravstvo.gov.mk

Марија Хаџи-Василева Белевска

Министерството за финансии

marija.hadzi-vasileva@finance.gov.mk

Ана Ѓорѓиоска

Министерството за транспорт и врски

 

ana.gjorgjioska@mtc.gov.mk

Азиме Шерифи

Министерството за правда

azime.ademi@mjustice.gov.mk

Томо Мојсовски

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство tomo.mojsovski@mzsv.gov.mk   

Сопи Хајрие

Министерството за култура

hajrie.sopi@kultura.gov.mk

Свето Василевски

Министерството за животна средина и просторно планирање

s.vasilevski@moepp.gov.mk    

Ана Малцева Министерството за информатичко општество и администрација ana.malceva@mioa.gov.mk
Свето Василевски Министерството за животна средина и просторно планирање s.vasilevski@moepp.gov.mk     
Сервет Демири Министерството за локална самоуправа servet.demiri@mls.gov.mk

Владо Крстовски

Национален совет на инвалидски организации на Северна Македонија

vlado_poraka@t.mk

Јасна Мандиќ

Ресурсен Центар за родители на деца со посебни потреби

resursen.centar@yahoo.com

 

Документи:

  1. Закон за ратификација на Конвенцијата
  2. Конвенција на ОН за правата на лицата со попреченост (Македонски)
  3. UN Convention (English)
  4. Препораки 2018 - Комитет за правата на лицата со попреченост
  5. Concluding observation 2018 - Committee on the Rights of persons with disabilities
  6. Толкувач - ООН Конвенција
  7. Водич за соодветно приспособување
  8. Лесно читлива верзија на Конвенцијата на ООН

КПЛП Општи коментари:

  1. КПЛП Општ коментар бр. 1 - признавање пред законот
  2. КПЛП Општ коментар бр. 2 - пристапност
  3. КПЛП Општ коментар бр. 3 - жени и девојчиња
  4. КПЛП Општ коментар бр. 4 - инклузивно образование
  5. КПЛП Општ коментар бр. 5 - самостојно живеење
  6. КПЛП Општ коментар бр. 6 - недискриминација