Роберт Поповски, Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност
Официјален е-маил: | Robert.Popovski@gs.gov.mk |
Контакт телефон: | 02/3123-371 |
Националниот координатор за одговорно владеење и транспарентност Роберт Поповски со Одлука на Владата на Република Северна Македонија е именуван на оваа функција на 29 септември 2020 година.
Во претходниот мандат на Владата на Република Северна Македонија во периодот од јуни 2017 до јули 2020 година ја извршувал функцијата министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.
Од 2013 до 2017 година бил Советник на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за комуникации и креирање политики.
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во повеќедецениското искуство од областа на новинарството, Поповски бил дел од уредувачката политика на највлијателни национални медиуми во земјава, Канал 5 (2002-2006), Телма (1997-1998), Сител (1994-1995 ) и МТВ (1987-1995).
Бил автор и уредник на повеќе политички емисии: „X/О“ и „Лавиринт“ на Канал 5 ТВ, „Агол“ на Телма ТВ, „Без наслов, но со повод“ на МТВ, „Неделно попладне“, „Добро утро Македонијо“ на Македонската радиотелевизија.
Во периодот од 1997 до 1998 година, Поповски работи и како колумнист во неделникот ,,Денес“, додека во периодот од 1986 до 1987 година е новинар во Скопската рубрика на „Вечер“ и „Нова Македонија“.
Учествувал на многу меѓународни конференции и престижни владини програми на САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Германија, Шведска, меѓу кои и на конференциите „Speak up“, од 2011 до 2013 година посветени на медиумски слободи во Југоисточна Европа и Турција што се одржува во Брисел.
Во 2011 година бил учесник во програмата за новинарство и политики „Едвард Мароу“ на Владата на САД.
Од 2000 до 2013 година е редовен гостин на Советот на Европа и Европската комисија, како учесник во дебати на теми поврзани со слободата на медиуми, човекови права, политички состојби во регионот на Југоисточна Европа.
Учествувал на едукативен семинар на новинската агенција „Reuters“.
Поповски бил член на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Северна Македонија (2008-2010).
Во периодот од 2005 до 2010 ја извршуваше функцијата Претседател на Здружението на новинарите на Македонија, а од 2003 до 2005 беше Генерален секретар на ЗНМ.
Во 2002 година ја доби наградата „Новинар на годината“ што ја доделуваше весникот „Вечер“.
Роберт Поповски е роден 1967 година.