Истражувања

Владата на Република Северна Македонија спроведува тематски истражувања бидејќи се залага да практикува што е можно поголема сеопфатност при креирањето на политиките, како и за потребата од носење одлуки и дефинирање јавни политики врз основа на податоци, факти, анализи и врз основа на мислењата на граѓаните. Една од алатките кои ја овозможуваат таа сеопфатност се и истражувањата на јавно мислење на граѓаните за актуелните политики кои се спроведуваат и влијаат директно врз животите на граѓаните. Податоците од овие истражувања, покрај Владата на Република Северна Македонија, се отворени за користење на сите заинтересирани медиуми, граѓани, организации, истражувачи и институции.

Истражувањата се алатка за темелно разбирање за потребите и очекувањата на граѓаните, за мислењето на јавноста за одделните политики, за актуелните состојби во општеството, за квалитетот и ефикасноста на работата на владата и одделните институции и други прашања од интерес на јавноста и на институциите.
 


СПРОВЕДЕНИ ИСТРАЖУВАЊА