Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините

Институција која огласува: 
Министерството за локална самоуправа
Рок на пријавување: 
12.09.2024

Врз основа на Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија донесен на Тринаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 20 август 2024 година, Министерството за локална самоуправа објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за изразување на интерес од страна на општините за
финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на овој јавен повик е изразување на интерес за доделување на средства за финансирање на инфраструктурни проекти  од Потрограмата АА и  поднесување на предлог-проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт и Министерството за култура и туризам, објавени на нивните веб-страни.

Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот во општините и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.

  1. ИЗНОС НА СРЕДСТВА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти, согласно овој повик е утврден на 6.000.000.000 денари.

Средствата од Точка 2 став(1) ќе се користат врз основа на донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на надлежното министерство во соработка со Министерството за локална самоуправа , согласно член 32-а, член 33-а, член 37-а, член 45-а, член 46-а и член  46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Макеоднија“ бр. 283/23 и 169/24) и согласно член 8 став 5 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа(,,Службен весник на Република Македонија бр.61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15 и 209/18 и ,,Службен Весник на Репубика Северна Македонија, бр.244/19, 53-/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/24 година).

  1. KОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА

Право да поднесуваат апликации и предлог - проекти имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Се повикуваат заинтересираните корисници, како двигатели и носители на потребните промени во економските, социјалните и други развојни активности да ги достават своите апликации и предлог-проекти, во согласност со утврдените критериуми за финансирање на проекти, од точката 1 од овој Јавен повик,

Критериумите можете да ги превземете од следните линкови:

  1. НАЧИН И РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните корисници ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа- Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7(седум) дена од денот на објавување на овој повик.

Комисијата врши прибирање на апликативните формулари кои  што заинтересираните корисници ги доставуваат до Министерство за локална самоуправа.

Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа.

Апликациите за финансирање на Предлог–проекти треба да се достават во печатена и електронска форма до Министерството за локална самоуправа, булевар ,,Св. Кирил и Методиј’’ бр. 54, Скопје, во два оригинал формулари за аплицирање (преземен од веб сајтот www.mls.gov.mk).

Комплетната проектна документација треба да се достави до надлежното министерство во печатена и електронска форма.

Овој Јавен повик се објавува на веб страната на Министерството за локална самоуправа и во два дневни весници(еден на македонски и еден на албански јазик).

Контакт телефон: 075 297-537 Митко Јанкулоски