Крешник Бектеши

Функција: 
Министер за економија
Е-пошта: 
cabinet@economy.gov.mk
Фејсбук страница: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

 

Во 2008 година дипломира на Колеџот за менаџмент со развој за применети науки и технологијa (менаџмент и бизнис администрација) на Институтот за технологија во Рочестер, а во 2009 година се стекнува со титулата магистер по менаџмент и стратегија (логистика и управување со снабдувачки синџири) на Универзитетот Шефилд.

Бектеши уште како студент, зема учество во тимови на проекти во рамките на универзитетот, кои биле користени како консултантски проекти за многу институции и организации.

Од 2011 до 2016 година работи како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија во Брисел (Белгија), на промовирање на бизнис климата на Северна Македонија и на привлекување на странски директни инвестиции од Белгија.

Во рамките на работната позиција учествува и во помагање на компаниите од Белгија и Северна Македонија во остварување на заедничка деловна соработка, како и во истражување на пазарот на Белгија, и организирање на B2B и B2G состаноци, бизнис форуми, семинари.

Од 1 јули 2016 до 31 декември истата година, како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, работи како промотор на бизнисот на Република Северна Македонија во Берн, Швајцарија, и е задолжен за соработката со Стопанската комора на Швајцарија.

Од 2017 година ја извршува функцијата министер за економија.

Зборува албански, македонски и англиски јазик.