Шабан Салиу

Функција: 
Министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите
Фејсбук страница: 

#

Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Шабан Салиу е истакнат адвокат, политичар и експерт за заштита и спасување. Тој е роден на 6 јануари 1961 година во Гостивар.

Салиу завршува високо образование на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник. Подоцна, го продолжува своето образование на ФОН Универзитетот во Скопје, каде што завршува магистерски студии по политички и правни науки. Неговата магистерска теза е на тема „Политиката во меѓународното договарање - Императив за превенција и спасување со катастрофи“. Салиу завршува и докторски студии на Универзитетот Мегатренд во Србија, со тезата: „Систем за заштита и спасување во Република Македонија – Политичко правни и безбедносни аспекти“.

Професионалната кариера на Салиу започнува во 1988 година како стручен соработник во Судот за здружен труд во Скопје, а потоа и во Основниот суд во Гостивар. Во 1995 година, пак, Салиу започнува да работи како адвокат со сопствена канцеларија во Скопје, каде што останува до 2006 година.

Во 2006 година, пак, Шабан Салиу е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2008 година. Во периодот од 2008 до 2017 година, тој е директор на Дирекцијата за заштита и спасување, каде што е одговорен за управување со системот за заштита и спасување.

Салиу е автор на бројни научни трудови и книги, меѓу кои: „Политичко–правни и безбедносни аспекти на системот за заштита и спасување“ и „Глобален тренд за глобално решение: климатските промени закана за светската стабилност“.

Шабан Салиу течно говори македонски и има добро познавање на англискиот јазик.