Тимчо Муцунски

Функција: 
Министер за надворешни работи и надворешна трговија
Е-пошта: 
#
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Тимчо Муцунски е правник и политичар со значајно искуство во јавната администрација и образованието. Роден е на 29 јули 1989 година во Берово.

Муцунски завршува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник. Потоа го продолжува своето образование на истиот факултет, каде што магистрира од областа на правните науки со тезата: „Административен систем на Европската унија“. Во 2021 година, пак, тој завршува и докторски студии по правни науки со тезата: „Релации помеѓу институтите на римското право и современите приватни корпорации“.

Неговата професионална кариера започнува во 2009 година како демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што потоа од 2015 до 2019 година работи и како асистент. Во 2019 година, пак, тој станува и доцент на истиот факултет, позиција која ја врши и денес.

Муцунски има богато искуство и во јавната администрација. Од 2015 до 2017 година, тој работи како заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација. Во 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2021 година. Од 2021 година, пак, Муцунски е градоначалник на Општина Аеродром во Скопје.

Муцунски е автор на бројни научни трудови и публикации во областа на правото и јавната администрација, вклучувајќи трудови објавени во Konrad Adenauer Stiftung Institute For Democracy и Ius Romanum.

Муцунски е активен учесник и говорник на бројни меѓународни и домашни конференции и проекти, финансирани од фондации како Конрад Аденауер и Центарот за Меѓународно образование ЦИВИК.

Тимчо Муцунски течно говори англиски јазик.