Честитка од премиерот Никола Груевски по повод празникот Богојавление-Водици

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан

           Ваше Блаженство,

       Денес, кога во целиот православен свет, во сите наши градови и во сите места каде што живеат Македонците, се слави еден од основните столбови на христијанските празници, во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, Ви упатувам честитки по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

          Прославувањето на оваа света тајна на христијанството е длабоко врежано во вековната православна традиција, во нашето живеење во верата и богоугодниот пат. Токму затоа, секоја година со радост го прославуваме овој голем празник, присетувајќи се на потребата од силна верба и покајание, од чиста мисла и трпение. Денес, прославувајќи го големиот празник да се помолиме за нашите семејства, нашите блиски и нашата држава. Да се помолиме за топлина, надеж и чистина на душата во секој од нас. Нека Бог ги чуе нашите молитви и нека ја благослови нашата земја, водите кои течат низ неа и сите наши граѓани.

            Ви посакувам бериќетна година исполнета со многу здравје и успех !

            Нека ни е честит големиот христијански празник !

            БОГ СЕ ЈАВИ !

            НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ !

            Со почит, 

 

Никола ГРУЕВСКИ