Полицијата заплени околу 100 килограми висококвалитетна марихуана
Во непосредба близина на граничниот премин Дојран синоќа полицијата запленети околу 100 килограми висококвалитена марихуана. Дрогата била спакувана во над 50 пакувања и е пронајдена во багажниот простор на патничко возило.
- Според направеното вештачење се работи за дрога од висок квалитет која на македонскиот пазар достигнува цена од околу 1.000 до 1.500 евра за килограм, а во западноевропските земји цената се движи дури и над 4.000 евра за килограм, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Дрогата била наменета за грчкиот пазар, а транспортот се одвивал од Република Македонија кон Грција.
Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против три лица за неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични средства.