Исплатени 31,7 милиони денари субвенции на 17.630 земјоделци
Државата денеска исплати 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се префрлени на сметките на 17.630 земјоделци.
За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина.
За сончоглед и ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури.
- Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство преку повеќе мерки меѓу кои и исплата на субвенции, се наведува во соопштението.