Во Општата болница во Кочани 280 прегледи со методата за ехо кардиографија
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Интерното одделение во рамки на Општата болница во Кочани и се запозна со примената на методата за ехо кардиографија воведена во јануари.
- Методата за ехо кардиографија во Општа болница Кочани е прифатена од пациентите и досега со неа се направени 280 прегледи. Оваа метода е ставена во Мојтермин за интернистичка дијагностика. Некои од пациентите се испратени на натамошно лекување во Клиничката болница во Штип за интернетна кардиографија, а некои се упатени за кардиохируршка интервенција во Скопје. Оваа нова метода е прифатена од пациентите во Кочани и од источниот регион, истакна Тодоров.
Тој најави трансформација и вработување на 25 волонтери во Општата болница во Кочани.
- Ме радува фактот што Општа болница со сопствени средства и средства од Министерството за здравство обезбеди потребни медицински апарати и ново возило и дека бројот на пациентите кои побарале помош и лекување во оваа болница се зголемил за 11.000 во однос на предходната година. Недостигот од пет лекари специјалисти наскоро ке биде надминат со нови вработувања, рече Тодоров.
Инаку, во Итната медицинска помош на Здравствениот дом Кочани се вработени еден лекар и три медицински сестри.
Директорот на Општата болница во Кочани, Дејан Апостоловски истакна дека е набавена нова медицинска опрема во вредност од три милиони денари, а деновиве на интерна едукација на кардиохирургија во Скопје ќе биде испратен еден лекар интернист.
Тој посочи дека деновиве ќе биде набавен мамограф бидејки Општа болница Кочани е влезена мегу шесте болници во Македонија кои ќе добијат ваков апарат.