Средба на министерот Адеми со директорот на Директоратот за регионален развој при ЕК, Сејлер
Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање предводена од министерот Абдилаќим Адеми денеска се сретна со делегацијата на Европската Комисија, предводена од директорот на Директоратот за регионален развој при Европската Комисија, Жан Мари Сејлер.
На средбата,стана збор за Извештајот на Република Македонија за достигнувањата во изминатата година и тоа во однос на Поглавјето за животна средина и Поглавјето за регионален развој. Во тој контекст, како што се наведува, на средбата беше разгледан и статусот на реализација на активностите планирани во рамките на Оперативната програма за регионален развој, како и плановите за идни проекти од областа на животната средина во повеќегодишната Програма.
Посебен акцент беше ставен на исполнувањето на акредитациските критериуми на Оперативната структура чиј дел е и ИПА одделениото при Министерството, носител на капиталниот проект за „Подобрување на системот за собирање и третман на отпадни води во Прилеп„
Средбата е реализирана во рамки на тридневната посета на Сејлер на Република Македонија.