Тодоров: Продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети новоотворената рурална аптека во радовишкото село Ињево.
- Задоволен сум што продолжува реализацијата на проектот „Отварање на 66 рурални аптеки“, чија што реализација е заедничка на Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Фондот за здравствено осигурување. Со тоа овозможуваме пристап до лекови на околу 135.000 граѓани во рурални области во цела Македонија, изјави Тодоров.
Посочи дека за целосно заокружување на проектот ќе биде неопходно да се доближат и лекарските услуги.
- Тука е и сегментот наподвижните аптеки, кој е за места до 1.500 жители, а сега го правеме комплементарен проектот подвижна аптека и рурален лекар. Ова е германски модел со кој оние кои имаат две аптеки ќе отворат една во руралните средини, а оние кои имаат пет аптеки во урбаните средини ќе треба да отворат две рурални аптеки со што ќе ги доближпме здравствените услуги до сите граѓани, рече Тодоров.
За градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов, отварањето аптеки во руралните средини значи подобрување на здравствената заштита на целото население, а пред се на постарите и изнемоштени лица во селата Ињево и Ореовица во кои во наредниот период ќе се овозможи и двапати во неделата посета на рурален лекар.