Обука за 220 невработени лица за стекнување напредни ИТ вештини
Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска го појаснија новиот објавен повик за обука за напредни ИТ вештини за 220 долгорочно невработени лица, активни баратели на работа.
Јава програмер и програмер за Веб апликации, За двете обуки по 110 неврабтнеи лица ќе идат опфатени. Средства ќе се реаизираат од измос 18 милиони денари добиени од ИПА програмата. Сите лица кои ќе ги завршат обуките кои од три до 6 месеци ќе сестекнат со меѓународно признаени сертификати.
Заклучно со 2014 година во вакви обуки учествувале 471 лице, успешно обуките ги завршиле 375 лица, од кои се вработиле 246 односно околу 65 проценти е успешноста на овој проект.
Министерот Ивановски појасни дека овој проект з анапредни ИТ вештини ќе се реализира во три дела, вештина најбарана на пазарот на трудот. За оваа година ДОТ. Нет програмирање, Јава програмирање тј Најави и дополнително 50 лица обука за Кад програмирање.
Поповски за да сес одберат најдобрите ќе се врши предселекција преку трестирање, по што ќе се нарави селекцијата, а ќе има ат можност и за жалба. Тримесечната обука за овие вештини со можност з аполагање и добивање добивање меѓуароден сертификат чини 1.350 евра.
На новинарско прашање какви се реаултатите од проектот „Македонија вработува“, министерот Спасов потенцира дека заклучно со вчера со овој проект се вработени 1.960 лица во 1.465 компании. Од 1.960 вработени досега, нагласи, 696 се млади до 29 години, додека пак 649 се лица до 35 години.Позитивно е, рече Спасов, да се истакне дека и повозрасните лица ги користат бенифициите и веќе полесно и побрзо стигнуваат до работните места.
- Овие 1.960 лица изминатиот месец и неколку дена, практично пред започнување на овој проект беа без работа, сега се веќе на своите работни места во приватниот сектор и остваруваат редовни средства, плата за егзистенција. Од друга страна овие 1.465 компании кои што ги искористија поволностите од проектот „Македонија вработува“ имаат солидна заштеда при отворањето нови работни места меѓутоа исто така во проширувањето на својот бизнис, а и секое ново вработено лице помага во развојот на приватните фирми, изјави министерот Спасов.Тој изрази уверување дека овој Проект и понатаму ќе продолжи да вродува со резултати и да им помага и на македонските компании и пред се да им помага на невработените лица побрзо да дојдат до работни места.
Во однос на прифатните центри за барателите на азил, министерот Спасов оцени дека условите таму се солидни, а како Министерство за труд и социјална политика во сорботка со меѓународните организации континуирано се вложуваат напори и средства за нивно подобрување.
Прашан за ефектите од субвенциите за самовработување, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информираше дека процентот заклучно со 2014 година, се движи над 70 проценти.