Пуштена во употреба новата спортска сала во Вевчани
Премиерот Никола Груевски, заемник министерот за оразование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски денеска ја пуштија во употреба новоизградената спортска сала во ОУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани која е дел од проектот за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.
Спортската сала се протега на површина од 1.300 метри квадратни, има трибини со капацитет од 400 седишта, гардеробери, туш кабини, санитарни јазли најсовремена опрема за спортување, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности.
- Вевчани од година во година станува се поубаво место за живеење и се поубаво место за посета и рекреација. Во изминатот период реализиравме голем број проекти значајни за жителите на Вевчани, но и за туристите. Еден од најзначајните такви проекти беше изградбата на училиштето „Страшо Пинџур“ и спортската сала, порача Груевски.
Спортската сала, според него, ќе биде од голема корист за учениците, наставниците, спортските клубови и за сите оние кои тука ќе се рекреираат.
- Верувам дека салата ќе може да ја искористите за разни културно уметнички случувања со што нејзината искористеност ќе биде уште поголема. Со изградбата на училиштето и спортскаста сала Вевчани полека заокружува еден нов образовно спортско рекреативен центар, истакна премиерот.
За целосно заокружување на овој простор тој најави и партерно уредување околу учиштето и новата спортска сала, а ќе се гради и кружен пат кој ќе ги поврзува градинката, училиштето и салата.
Премиерот вети дека на седница на Влада ќе го разгледаат барањето на градоначалникот на Вечани за изградба на мултифункционално игралиште. Најави дека се обезбедени средства за продолжување на кејот на Вевчанска река од градинката до изворите.
- Преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој оваа година ќе издвоиме средства за асфалтирање на повеќе улици во Вевчани . Пред неколку дена објавивме и тендер за доизградба на незавршениот дел од канализацијата во Вевчани, проекти кои во голема мера ќе ги подобрат условите за живрење во Вевчани, нагласи Груевски.
Во интерес на развојот на општината, додаде, неодамна е завршен и Генралниот урбанистички план за Вевчани со што ќе се овозможи легализација на дел од објектите во општината, ќе се создадат предуслови за изградба на скијачки терени и ќе се овозможи проширување и развој на викенд населбата.
- Туризмот и понатаму останува во фокусот. Продолжуваме со субвенции за привлекување странски туристи за над 15 земји од светот. После 1 јули преку новата авиолинија Охрид - Базел ќе дојдат нови туристи и од Швајцарија и Франција, истакна Груевски потсетувајќи на воведената директна линија од Лондон до Охрид.
Владата , нагласи и понатаму ќе го поддржува Вевчани.
-Продолжуваме да го финансираме и поддржуваме маскенбалот кој од година во година порераснува во се поголема манифестација и се поголем промотор на Вевчани и општо на Македонија, нагласи Груевски.
Во делот на економијата потсети на изградбата на новата ТИРЗ што се гради помеѓу Охрид и Струга каде, како што рече, се очекува вработување на голем број вевчанци во фабриките кои веќе се градат.
- Вавките и слични проекти ќе продлажат и во идниот период. Продолжуваме со исто темпо во сите полиња кои се од интерес на граѓаните. Работиме за доброто на Македонија и тоа ни дава енергија да се соочиме и со најголемите предизвици. Потешкотии имало и ќе има. Силата да се надминат е она што ги разликува победниците од губитниците, а нам сила не ни недостасува. Силата ни ја давате вие, граѓаните на Република Македонија, истакна премиерот.
Заменик министерот Ристовски истакна дека новата спортска сала е изградена од енергетски ефикасен материјал.
- Градењето спортски сали е инвестиција во иднината на нашите деца, во нивното здравје, во градењето на нивниот карактер. Кога на спортските терени ќе научат да ги почитуваат правилата на играта, фер плеј ќе играат и на сите натпревари кои им претстојат во животот, истакна Ристовски.
Тој потсети дека минатата учебна година учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани ја почнаа во целосно нов училишен објект, кој, како што рече, според многумина е еден од најубавите во земјава изграден по сите критериуми и стандарди за квалитет и архитектура карактеристична за вевчанскот крај.
Пуштањето во употреба на спортската сала во Вевчани за градоначалникот Угриноски означува уште една заедничка победа и уште една исполнета страница од остварувањето на програмата за развој на општина Вевчани и Република Макеоднија.
- Пред две и повеќе години ветивме и ветеното веќе е пред нас, но не е само тоа што ние во општина Вевчани го остваривме, напротив десетината реализирани крупни проекти се наше дело кои значат подобар изглед, но и унапредување на животот на населбата што ни даваат за право да истакнеме дека на патот на прогресот и нашата подобра иднина нема сила што може да не запре или да не сврти во друг правец, рече Угриноски.
За нас, нагласи тој, овој ден ни е празник зашто во оваа спортска сала учениците и младите имат прекрасни услови да спротуваат и да се развиваат на сите полиња.
Претходно премиерот Груевски и заемник министерот Ристовски го посетија објектот на реконструираното ОУ „Мурат Лабуништи“ во струшкото село Боровец.